Еврејски доселеници запалиле куќа на едно палестинско семејство

Eкстремни десничарски еврејски доселеници запалиле една куќа во сопственост на палестинско семејство при што животот го загубиле едно едногодишно бебе, а неговите родители биле повредени

309430
Еврејски доселеници запалиле куќа на едно палестинско семејство

Еврејски доселеници во градот Наблус на Западниот брег запалиле една куќа во сопственост на палестинско семејство при што животот го загубило едно едногодишно бебе, а неговите родители беа повредени.

Според добиени информации од очевидци, екстремни десничарски еврејски доселеници во месноста Дума кај градот Наблус на Западниот брег запалиле една куќа во сопственост на палестинско семејство и на ѕидовите на куќата напишале расистички слогани.

Напаѓачите потоа избегале од местото на настанот.

Жителите на месноста случајот го окарактеризираа како „ѕверство“ и извикуваа одмазднички слогани.


Тагови:

Слични вести