Состанок во Советот за безбедност на ОН посветен на Сирија

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан Де Мистура истакна дека најзначаен проблем меѓу страните во Сирија е формирање на „целосно надлежна преодна влада“ кое стои во декларацијата од Женева

307604
Состанок во Советот за безбедност на ОН посветен на Сирија

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан Де Мистура ги информираше Советот за безбедност во врска со остварените разговори со инволвираните страни во војната во Сирија.

Притоа истакнувајќи дека најзначаен проблем меѓу страните во Сирија е формирањето на „целосно надлежна преодна влада“ кое стои во декларацијата од Женева, Мистура рече дека за надминување на ова се има за цел да се формира работна група меѓу страните за започнување на преговорите.

Мистура напомена дека основни прашања на преговорите се безбедносното прашање, политичките и уставните прашања, воените прашања и прашањата во врска со функционирањето на државните институции.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун исто така нагласи дека постојат сериозни разлики во ставовите меѓу страните по прашањето на формирање на „целосно надлежна преодна влада“.

Велејќи дека ставањето крај на војната во Сирија претставува одговорност пред се на Бешар Асад, на сите инволвирани страни во Сирија и на меѓународната заедница, Бан Ки-мун рече: „По изминати 4 години сирискиот проблем стана симбол на срамот, на спорот и неуспешноста кај меѓународната заедница.“

Генералниот секретар на светската организација истакна дека бројот на загинатите во Сирија изнесува 250 илјади лица и подвлече дека сирискиот проблем не може да се реши само од страна на Сиријците, туку за тоа постои потреба од меѓународна поддршка.


Тагови:

Слични вести