Самоубиствени напади од ДЕАШ

Во нападите загинаа голем број лица, додека потешко повредените беа пренесени на хоспитализација во државната болница на Килис

306634
Самоубиствени напади од ДЕАШ

Во месноста Азез кај Алепо во Сирија, милитантите на ДЕАШ извршија три истовремени самоубиствени напади врз три посебни пункта на Слободната сириска армија.

Нападите беа реализирани со два самоубиствени напаѓачи и едно возило натоварено со експлозив.

Во нападите загинаа голем број лица, додека потешко повредените, преку граничниот премин Онџупинар беа пренесени на хоспитализација во државната болница на градот Килис.

Двјаца од потешко повредените ги загубија животите во болницата.


Тагови:

Слични вести