САД добија нов специјален претставник за Сирија

На местото на Даниел Рубинштгајн за нов специјален претставник на САД за Сирија е назначен Мајкл Ратни

304815
САД добија нов специјален претставник за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери го назначи Мајкл Ратни за нов специјален претставник на неговата земја за Сирија.

Кери во објавеното писмено соопштение истакна дека Ратни го познава уште од неговата должност во Конзулатот на САД во Ерусалим и дека ја цени неговата интелигенција, длабокото знаење и решителноста во донесувањето на одлуки.

Џон Кери рече дека Мајкл Ратни во текот на својата досегашна дипломатска кариера беше на значајни должности во земји како што се Ирак, Либан, Мароко и Катар, по што додаде дека тој ќе ги продолжи активностите кои што досега ги водеше Даниел Рубинштгајн.

Американскиот државен секретар Кери истакна дека новиот специјален претставник на неговата земја за Сирија Мајкл Ратни кој зборува течно арапски во наредните недели ќе замине во посета на регионот.


Тагови:

Слични вести