Поддршка од Јордан на борбата на Турција против тероризмот

Јордан изрази задоволство од бомбардирањата кои што ги реализираат Турските вооружени сили врз позициите на терористичката ДЕАШ (ИДИЛ) долж сириската граница

304613
Поддршка од Јордан на борбата на Турција против тероризмот

Јорданската влада соопшти дека со задоволство ги дочекува операциите на Турција против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Јорданскиот министерот за информации и владин портпарол Мохаммед Ел Момани истакна дека неговата земја ги дочекува со задоволство бомбардирањата кои што ги реализираат Турските вооружени сили врз позициите на терористичката ДЕАШ (ИДИЛ) долж сириската граница.

Велејќи дека воздушните операции на Турција против терористичката организација претставуваат значаен чекор во борбата против тероризмот, Момани го подвлече и тоа дека заканата од ДЕАШ е прашање кое го засега целиот свет, а не само земјите во регионот.

Инаку и Јордан поради заканата од терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) ги засилува безбедносните мерки долж своите граници со Сирија и Ирак.


Тагови:

Слични вести