НАТО со поддршка на Турција во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг даде поддршка на борбата на Турција против тероризмот

305063
НАТО со поддршка на Турција во борбата против тероризмот

На барање на Турција денеска во Брисел се одржа вонреден состанок на НАТО со кој претседаваше генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во дадената изјава по состанокот Столтенберг нагласи дека Алијансата е против секој вид тероризам и дека земјите членки секогаш ќе стојат силно покрај Турција во борбата против тероризмот. 

Генералниот секретар рече: „Овој состанок е одржан точно навреме за разгледување на нестабилноста на јужните граници на НАТО веднаш во непосредна близина на Турција.“

Столтенберг го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите во терористичките напади и подвлече дека Сојузот е во силна солидарност со нејзиниот сојузник Турција.

„На најсилен начин ги осудуваме терористичките напади чија цел е Турција“ рече Столтенберг и истакна дека НАТО го следи одблизу развојот на настаните.

Столтенберг го употреби и изразот „Тероризмот никако не може да се оправда и толерира“.

Вонредниот состанок на НАТО што се одржа согласно членот 4 беше затворен за печатот.

Инаку, НАТО во својата 66 годишна историја по петти пат се состанува вонредно согласно членот 4.

Членот четири од договорот на НАТО предвидува консултација меѓу земјите сојузнички во случај на закана врз територијалниот интегритет, сувереноста или безбедноста на една од земјите членки.


Тагови:

Слични вести