Терористички напади во Африка

Десетици загинале а над 100 биле повредени во терористички напади во Сомалија, Камерун и во Нигерија

302922
Терористички напади во Африка

13 загинале во Могадиши главниот град на Сомалија во експлозија на бомба подметната во хотел каде што биле сместени шефови на странски мисии.

Одговорноста за нападот ја презела терористичката организација Еш Шебаб.

Овој хотел во кој престојуваат меѓу другите и шефови на дипломатски мисии на Катар и на Кина и порано беше цел на напади на Еш Шебаб.

Нападот најостро го осуди претседателот на Сомалија Хасан Шејх Махмуд, кој рече дека нападот е дело на терористи и дека е насочен против мирот и стабилноста на земјата. Претседателот Махмуд се закани дека нападите нема да ја постигнат својата мрачна цел.

Со овој напад бројот на загинатите во досегашните терористички напади по преземањето на функцијата претседател од страна на Хасан Шејх Махмуд достигна до 800.

Во меѓувреме пристигна вест дека 19 лица загинале во напад на жена самоубиец во Маруа град во Камерун.


Тагови:

Слични вести