Соопштение од ЕУ во врска со мировниот процес

Високата претставничка Могерини на министерот Чавушоглу му изрази сочувство по повод загинатите во последните терористички напади

385085
Соопштение од ЕУ во врска со мировниот процес

Високата претставничка на ЕУ одговорна за надворешна работи и безбедносна политика Федерика Могерини рече дека терористичките групи не треба да го занемарат процесот и дека треба да се сочува примирјето.

Могерини на телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу направи проценка на последните случувања во земјава.

Во соопштението што беше објавено од кабинетот на Могерини во врска со телефонскиот разговор беше истакнато дека високата претставничка на министерот Чавушоглу му изрази сочувство по повод загинатите во последните терористички напади и ја изрази поддршката на напорите на Турција во борбата против ДЕАШ и сите видови тероризам.

Во соопштението меѓудругото беше подвлечено на значењето на зачувувањето на актуелноста на мировниот процес и дека Могерини упати повик до терористичките организации да не го занемарат мировниот процес и да го сочуваат примирјето.

Могерини меѓудругото упати барање страните да се држат настрана од чекори кои можат да предизвикаат ризик за продолжувањето на мировниот процес и примирјето.


Тагови:

Слични вести