Во нападите на силите на режимот во Сирија загинаа 44 лица

Организацијата за набљудување на човековите права во Сирија соопшти дека силите на режимот реализирале напади на областите под контрола на опозиционерите

346989
Во нападите на силите на режимот во Сирија загинаа 44 лица

Во нападите реализирани од страна на силите на Асад во областите под контрола на опозиционерите загинаа 44 лица од кои 6 деца.

Во објавеното соопштение од Организацијата за набљудување на човековите права во Сирија се истакнува дека силите на режимот од воздух извршиле напади со барел и вакум бомби, а од копно со топови и тенкови.

Во меѓувреме сириската официјална новинска агенција САНА соопшти дека во операциите на безбедносните сили во различни делови на земјата биле неутрализирани голем број вооружени групи.

Сириските опозиционери пак започнаа голем напад за целосно заземање на градот Дера. Како што се истакнува жестоките судири со силите лојални на Асад се интензивираат во северниот дел на градот.

Опозиционерите држат под контрола 70-насто од Дера.

Во градот Алепо каде што исто така продолжуваат судирите загинаа 11 војници на Асад и 1 милитант на ДЕАШ (ИДИЛ).

Пристигнуваат вести дека силите на Асад започнале напад против ДЕАШ за заземање на античкиот град Палмира.


Тагови:

Слични вести