Во последните бомбашки напади во Багдад загинаа 28 лица

Во нападите во главниот град на Ирак, Багдад со возила натоварени со експлозив загинаа 28 лица, а десетици лица беа повредени.

384543
Во последните бомбашки напади во Багдад загинаа 28 лица

Ирак повторно беше облеан во крв со бомбашки напади.

Во нападите во главниот град Багдад со возила натоварени со експлозив загинаа 28 лица, а десетици лица беа повредени.

Првиот напад беше извршен во областа ер-Рабиа во Багдад.

Притоа при експлозија на возило паркирано на крајот на патот и натоварено со експлозив загинаа 20 лица, а 36 лица беа повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Во вториот напад пак во областа еш-Сагб експлодираа две возила натоварени со експлозив.

Во експлозиите загинаа 8 лица, а 22 лица беа повредени.

Инаку, откако терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) ја презеде контролата во некои области на Ирак дојде до пораст и на насилствата во различни градови низ земјата на чело со главниот град Багдад.

Во вчерашните бомбашки напади и насилствата во Багдад загинаа 16 лица.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ештон Картер допатува во изненадна посета на Ирак.

На дневен ред на разговорите на Картер ќе се најде борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).


Тагови:

Слични вести