Обама: Нема да ги испратиме нашите деца во војна

Американскиот претседател Обама истакна дека некои средини секогаш ги отфрлуваат потрагите за дипломатско решение на иранското прашање и додаде дека ова сфаќање претходно ги водеше САД кон војна во Ирак

346684
Обама: Нема да ги испратиме нашите деца во војна

Американскиот претседател Барак Обама во говорот што го одржа во Пенсилванија во рамките на програмата организирана за војниците на задача надвор од земјата се осврна на постигнатиот нуклеарен договор со Иран.

Нагласувајќи ја потребата САД да не бидат вовлечени во било каков судир, Обама рече: „Можноста за праќање на нашите деца во војна е најпоследно решение. Пред да ги доведеме во опасност нивните животи треба да ги поставиме на маса сите алтернативи и да направиме се што е во наша можност.“

Алудирајќи на состојбата по постигнатиот договор меѓу земјите од групата П5+1 и Иран и особено на изјавите на американската опозиција, Обама истакна дека некои средини секогаш ги отфрлуваат потрагите за дипломатско решение на иранското прашање и додаде дека ова сфаќање претходно ги водеше САД кон војна во Ирак.

Обама рече: „Постојат методи кои што налагаат поголема умност и одговорност за воспоставување на безбедноста на земјата и ние се обидуваме да го направиме тоа. Не е точно да се делува сам во точка за која целиот свет стои на ист став.“

Обама побара да бидат ослободени и американските граѓани кои се наоѓаат во затвор во Иран во врска со што го истакна следното: „Ќе продолжат нашите санкции против Иран поради поддршката што ја дава на тероризмот и прекршувањата на човековите права. Против опасните активности на Иран ќе продолжиме да бидеме во солидарност со нашите сојузници во регионот, а особено со Израел. Се додека не бидат ослободени нашите граѓани кои се наоѓаат во затвор во Иран нема да одиме на било какво омекнување по прашањето на санкциите што ги применуваме против оваа земја.“

Американскиот Конгрес кој се наоѓа под контрола на Републиканците има на располагање рок од два месеци за разгледување на постигнатиот нуклеарен договор со Иран.

Доколку од Конгресот помине евентуална резолуција со која ќе се отфрли постигнатиот договор со Иран, претседателот Обама исто така може да го стави своето вето на една таква резолуција. Потоа за да се избегне ветото на Обама овојпат Сенатот резолуцијата за отфрлање на договорот треба да ја усвои со дво третинско мнозинство, односно за истата треба да гласаат најмалку 67 Сенатори.

Постигнатиот нуклеарен договор со Иран се очекува да биде поставен на гласање во американскиот Конгрес во почетокот на септември.


Тагови:

Слични вести