Бухари во потрага по поддршка против тероризмот на Боко Харам

Претседателот на Нигерија Мухаммед Бухари во Вашингтон најпрвин се состана со американскиот претседател Барак Обама, а потоа имаше средба и со државниот секретар Џон Кери

383681
Бухари во потрага по поддршка против тероризмот на Боко Харам

Претседателот на Нигерија Мухаммед Бухари чија земја поради тероризмот на Боко Харам поминува низ тешки денови, престојува во посета на САД.

Бухари во Вашингтон најпрвин се состана со американскиот претседател Барак Обама, а потоа имаше средба и со државниот секретар Џон Кери.

По средбата Кери заедно со Бухари се појави пред камерите и истакна дека САД ќе направат се што е неопходно за уништување на терористичката организација Боко Харам.

Велејќи дека Нигерија е мошне значајна земја, Кери рече дека постигнале силен компромис со претседателот Бухари по прашањето на борбата против тероризмот.

Нигерискиот претседател Мухаммед Бухари во рамките на своите средби во Вашингтон се состана и со претставниците на Светската банка при што успеа да добие повеќе од 2 милијарди долари поддршка за својата земја.

Бухари изјави дека сумата за која станува збор ќе биде користена за повторна изградба на земјата која е разрушена поради тероризмот на Боко Харам.

Потоа Бухари се состана и со функционерите на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ и Светската здравствена организација од кои исто така побара поддршка за својата земја.

Американскиот претседател Барак Обама кој го прими Бухари во Белата куќа истакна дека ја цени борбата на Нигерија против терористичката организација Боко Харам и ја повтори поддршката на Вашингтон по ова прашање.


Тагови:

Слични вести