Поддршка од ЕУ за Тунис во борбата против тероризмот

Тунискиот премиер Хабиб ес-Сајд во Брисел се состана со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ

383192
Поддршка од ЕУ за Тунис во борбата против тероризмот

ЕУ ќе му доставува поддршка на Тунис во борбата против тероризмот.

Тунискиот премиер Хабиб ес-Сајд во Брисел се состана со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

По средбата тунискиот премиер ес-Сајд изјави за претставниците на печатот дека на разговорите било одлучено да биде зајакната соработката меѓу неговата земја и ЕУ.

Ес-Сајд и се заблагодари на ЕУ за поддршката што ќе ја даде на неговата земја во борбата против тероризмот.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини исто така истакна дека Унијата му придава значење на партнерството со Тунис и дека економската поддршка што и се обезбедува на оваа земја во последно време е зголемена за два пати.

Могерини рече дека оваа економска поддршка во наредниот период ќе биде уште повеќе зголемена.

Повикувајќи на продолжување на демократските реформи во Тунис Могерини на тунискиот премиер ес-Сајд му рече дека може да има доверба во ЕУ во овој тежок период за неговата земја.


Тагови:

Слични вести