Нови воздушни напади на коалиционите сили против ДЕАШ

Меѓународните коалициони сили реализираа нови воздушни напади врз позициите на терористичката организација ДЕАШ (ИДИК) во Сирија и во Ирак

383158
Нови воздушни напади на коалиционите сили против ДЕАШ

Меѓународните коалициони сили предводени од САД ја продолжуваат борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Во рамките на оваа борба беа реализирани нови воздушни напади врз позициите на терористичката организација во Сирија и во Ирак.

Според објавеното соопштение од Силите на обединетата партнерска задача на операцијата „Вродена решителност“, коалиционите сили со свои воени авиони и беспилотни летала извршиле 9 нови воздушни напади во Сирија.

Во воздушните напади во близина на градовите Хасеке и Рака биле уништени тактички единици, борбени позиции и воени возила на терористичката организација.

Исто така во два напади во околината на Кобани биле бомбардирани тактички позиции и возила на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ), а бил реализиран напад и во близина на градот Алепо.

Меѓународните коалициони сили предводени од САД во рамките на борбата против терористичката ДЕАШ извршиле 14 нови воздушни напади и во Ирак.


Тагови:

Слични вести