Вооружена операција на египетската армија на Северен Синај

Организацијата Синајска провинција, во саботата изврши напад на воениот контролен пункт Шеик Зувејд

382555
Вооружена операција на египетската армија на Северен Синај

Во вооружената операција на египетската армија на Северен Синај против вооружените групи, загинаа 7 војници, а 59 терористи беа убиени.

Според соопштението објавено од страна на египетската армија, воените единици на воздушните сили извршија операции на низа позиции на „терористичките групи“ во различни градови на Северен Синај.

Во рамките на операциите беа уништени 2 складишта за оружје, 3 возила и 4 мотоцикли, а исто така беа уништени и две мини кои беа поставени на патот.

Организацијата Синајска провинција, во саботата изврши напад на воениот контролен пункт Шеик Зувејд во Северен Синај.

Во нападот загинаа 5, а голем број војници беа повредени.

По нападите египетската армија започна сеопфатна операција.


Тагови:

Слични вести