Продолжуваат активностите за спроведување во дело на договорот з

Претседателот Барак Обама има право да стави вето на нацрт-резолуцијата

382718
Продолжуваат активностите за спроведување во дело на договорот з

Во САД продолжуваат активностите за спроведување во дело на договорот за нуклеарните преговори кој беше постигнат со Иран.

Американскиот Стејт департмент договорот го достави на ратификување до Конгресот.

Според писменото соопштение објавено од страна на Стејт департментот, договорот заедно со извештајот и тајните анекси беше доставен до Конгресот.

Во соопштението беше потсетено дека во случај да се усвои нацрт-резолуција со која се негира договорот, тогаш претседателот Барак Обама има право да стави вето на нацрт-резолуцијата.

Сенатот, за да ја помине пречката на вето од страна на Обама, нацрт-резолуцијата со која ќе се одбие прифаќањето на договорот треба да ја усвои со најмалку две третини од гласовите, односно 67 сенатори.

Во тој случај, Обама за да го заштити правото на вето, ќе треба да разубеди 34 сенатори.


Тагови:

Слични вести