Хеликоптери на САД погодија контролен пункт во Авганистан

Два американски воени хеликоптери погодија авганистански воен контролен пункт во провинцијата Лахор на југот на главниот град Кабул

382891
Хеликоптери на САД погодија контролен пункт во Авганистан

Хеликоптери во сопственост на американската армија погодија еден воен контролен пункт во Авганистан.

Во нападот загинаа 14 авганистански војници.

Воениот контролен пункт во провинцијата Лахор на југот на главниот град Кабул беше погоден од страна на два американски воени хеликоптери.

Нападот беше потврден и од страна на американски воени функционери во Кабул.

Продолжува истрагата за утврдување на причината за нападот за кој се вели дека бил извршен поради недостаток од координација.

Авганистански функционери во врска со нападот реагираат со зборовите дека во воениот контролен пункт се веело авганистанското знаме.

Функционери исто така нагласуваат дека во областа не постоела никаква сомнителна активност.

Инаку, САД во рамките на борбата против Талибан и други слични организации продолжуваат да располагаат со свои воздушни сили во Авганистан.


Тагови:

Слични вести