Хамас ги демантираше тврдењата за договор со Саудиска Арабија
Во меѓувреме, беше извршен бомбашки напад на членовите на Хамас во појасот Газа
Хамас ги демантираше тврдењата дека постигнале согласност со Саудиска Арабија за учество во операциите против Хутите во Јемен.
Соопштението од страна на Хамас беше објавено по информацијата на иранската новинска агенција Фарс.
Новинската агенција Фарс во една вест го изнесе тврдењето дека во рамките на посетата на делегацијата на Хамас на Саудиска Арабија беа побарани 700 војници за учество во операциите против Хутите.
Според соопштението објавено од страна на Хамас, веста претставува голема лага и целта е да се зацрни посетата на Саудиска Арабија.
Инаку ова е прва посета на шефот на канцеларијата на политичкото биро на Хамас, Халид Мешал на Саудиска Арабија од 2012 година наваму која заедно со делегацијата во негово присуство ја оствари на Ријад во изминатата среда.
Во меѓувреме, беше извршен бомбашки напад на членовите на Хамас во појасот Газа.
5 возила кои беа паркирани пред куќите, беа оштетени од последователните експлозии.
Нема точни податоци за загинатите или повредените во експлозиите, а исто така сеуште не се познати напаѓачите.