Железничка несреќа во Јужноафриканската Република

Во Јоханесбруг се судрија два патничка воза при што повеќе од 300 лица беа повредени

381938
Железничка несреќа во Јужноафриканската Република

Во најголемиот град на Јужноафриканската Република, Јоханесбург се судрија два патнички воза.

Во несреќата беа повредени повеќе од 300 лица.

Несреќата се случи во вечерните часови кога голем број лица на излегување од своите работни места навалија на возовите и се враќаа во своите домови.

Еден дел од повредените со амбулантни коли беа префрлени на лекување во околните болници.

На некои повредени патници им беше укажана прва помош на местото на несреќата.

Засега не е позната причината за несреќата.


Тагови:

Слични вести