Најголеми воени маневри на НАТО во последните 13 години

На најголемите воени маневри на НАТО во последните 13 години кои што ќе започнат на 3 октомври и ќе траат повеќе од еден месец ќе учествуваат точно 36 илјади војници

381726
Најголеми воени маневри на НАТО во последните 13 години

НАТО се подготвува да ги реализира најголемите воени маневри во последните 13 години.

Маневрите овојпат ќе се реализираат против растечката закана од терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Според објавеното соопштение од Алијансата маневрите кои што ќе започнат на 3 октомври ќе траат повеќе од еден месец и на истите ќе учествуваат точно 36 илјади војници.

На воените маневри што ќе се реализираат во Италија, Шпанија, Португалија и Средоземното Море ќе учествуваат повеќе од 30 земји меѓу кои се наоѓаат и Шведска и Австрија кои не се членки на НАТО.

Извори на Алијансата истакнаа дека на воените маневри ќе бидат извежбани патиштата за борба против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Либија и Алжир.

Функционери на НАТО велат дека фокусирањето на растечката закана на југот на Алијансата не значи дека се изоставува од вид и заканата од Русија.


Тагови:

Слични вести