Продолжуваат операциите против имигрантите во Средоземното море

Меѓу имигрантите за кои беше утврдено дека на пат тргнале од Северна Африка, се наоѓаа голем број жени и деца

345762
Продолжуваат операциите против имигрантите во Средоземното море

Околу 2 700 имигранти кои беа спасени од страна на италијанската и германската флота, беа пренесени на италијанското крајбрежје.

За спасување на имигрантите за два дена беа реализирани 13 различни операции.

Меѓу имигрантите за кои беше утврдено дека на пат тргнале од Северна Африка, се наоѓаа голем број жени и деца.

300 од имигрантите со моторни чамци беа пренесени во Позало, а 200 во Катаниа.

ЕУ соопшти дека во првата половина на 2015 година во споредба со истиот период лани беше забележан пораст од 68 отсто во бројот на имигрантите.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци соопшти дека во првата половина на 2015 година, околу 135 илјади имигранти од кои повеќето преку Италија и Грција влегле во Европа.


Тагови:

Слични вести