Обама разговараше со Нетанјаху за постигнатиот договор
Со договорот се предвидува Иран да се стекне со нуклеарно оружје
Американскиот претседател Барак Обама по острата реакција на Израел што ја покажа во врска со остигнуваето на историскиот договор со Иран, по телефон го побара премиерот Бенјамин Нетанјаху и го извести за содржината на постигнатиот договор.
На тој начин Обама се обиде да ја намали загриженоста на Израел.
Обама на Нетанјаху му рече дека со постигнувањето на договорот, нема промени во ставот на Иран кон поддршката на тероризмот и заканите врз Израел.
Барак Обама меѓудругото рече дека со договорот се предвидува Иран да се стекне со нуклеарно оружје.
Нетанјаху пак го бранеше ставот дека договорот не ќе може да го спречи Иран во стекнувањето со нуклеарно оружје и дека како последица на постигнатиот договор, милиони долари ќе бидат потрошени за поддршка на тероризмот.
Израелскиот кабинет за безбедност едногласно го одби постигнатиот договор.
Од друга страна пак, Обама одржа средби со францускиот претседател Франсоа Холанд, германската канцеларка Ангела Меркел, англискиот премиер Дејвид Камерон и високата претставничка на ЕУ за надворешни односи и безбедносна политика Федерика Могерини и им се заблагодари за постигнувањето на договорот.
Обама одржа телефонски разговори и со кралот на Саудиска Арабија Селман Бин Абдулазиз и престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати Мухамед Ал Нахјан.
Раководството на Саудиска Арабија соопшти дека го поддржуваат договорот со кој се предвидува да се спречи стекнувањето на Иран со нуклеарно оружје. Во соопштението меѓудругото беше подвлечено на значењето на потребата од формирање строг механизам за контрола и во случај Иран да не се придржува на предвидените услови во договорот, тогаш на дневен ред повторно да стапат на сила мерките за санкции врз оваа земја.