Нови воздушни напади врз цели на терористичката ДЕАШ

Коалиционите сили извршија 27 нови воздушни напади врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија и Ирак

345320
Нови воздушни напади врз цели на терористичката ДЕАШ

Меѓународните коалициони сили предводени од САД извршија 27 нови воздушни напади врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија и Ирак.

Во два напади во близина на градот Хасеке во Сирија беа уништени тактички единици на ДЕАШ.

Во градот Алепо пак каде што исто така беа бомбардирани три тактички единици, беше уништено едно оклопно возило.

Во два напади во близина на Дејр ез-Зор беа доведени во неупотреблива состојба два магацини на терористичката организација.

Освен во Сирија 20 воздушни напади беа извршени и во Ирак.

Во 5 напади во околината на Рамади беа уништени 4 фабрики на организацијата за производство на експлозив, едно оклопно возило и едно експлозивно возило.

Останатите воздушни напади против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Ирак беа реализирани во и околините на градовите Хабанијах, Хадисе, Махмур, Мусул, Рамади, Синџар и Тел Афер.


Тагови:

Слични вести