Американските медиуми претпазливи кон евентуалниот договор со Ир

Договорот е во интерес на Америка, Запад и Израел

380839
Американските медиуми претпазливи кон евентуалниот договор со Ир

Американските медиуми имаат претпазлив став кон Договорот кој беше постигнат на нуклеарните преговори со Иран.

Покрај тоа што договорот се оценува како пресвртна точка, приврзаниците на опозицијата не се стремат да ги изнесат своите критики.

Поголемиот број од приврзаниците и симпатизерите на Републиканците во Американскиот конгрес, по конечното постигнување на договорот ќе гласа во претстојните 60 дена.

Претседателот Барак Обама уште од првиот ден на преговорите има поволен став кон истите и рече дека нема да стави вето на ниту еден кој случајно ќе го спречи спроведувањето на договорот.

Весникот „Вашингтон пост“ договорот го карактеризира за комплексен и скап, бранејќи го ставот дека ќе може да предизвика несакани последици на Блискиот Исток.

Весникот потенцира на судирите меѓу сектите во регионот и дека постои можност да се зголеми заканата од Иран врз Израел.

Весникот „Њујорк Тајмс“ договорот го оценува за политичка пресметка и дека претставува успех кој не можеше да се постигне со воени закани, поради што упатува повик за повнимателна анализа на деталите.

Весникот истакнува дека договорот бил во интерес на САД, Запад и Израел.

Според весникот, Израелското раководство ќе направи се што е во нивна можност договорот да не се ратификува во американскиот Конгрес, потенцирајќи дека непотребното трошење на оваа прилика ќе биде голема неодговорност.

Според весникот „Волстрит џорнал“ договорот претставува еден вид предвесник на нова војна во надворешната политика. Весникот истакнува дека покрај Републиканците, постои можност дури некои Демократи да му се спротивстават на Обама.

Американската телевизија Си-Ен-Ен договорот го оцени за тежок и комплексен и во освртот на можноста за одбивање на договорот, исто така ги изнесе и евентуалните сценарија.


Тагови:

Слични вести