Унгарија почна со изградба на оградата на границата со Србија

Унгарија почна да ја гради планираната жичана ограда на својата граница со Србија висока 4 метри и долга 175 километри

345056
Унгарија почна со изградба на оградата на границата со Србија

Унгарија заради спречување на илегалната имиграција почна да гради жичана ограда на границата со Србија.

Во објавеното соопштение од унгарското министерство за внатрешни работи се истакнува дека дневно од Србија во земјата преку илегални патишта преминуваат по приближно илјада лица и дека за спречување на оваа состојба во бласта Морахалом на границата со Србија почна да се гради претходно испланираната жичана ограда.

Освен тоа во соопштението се вели дека заклучно со денеска во Унгарија преку илегални патишта преминале вкупно 78 илјади 190 лица од кои 77 илјади 600 лица дошле преку границата со Србија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во претходно дадената изјава по прашањето го изјави следното: „Немаме за цел да ги одделиме Унгарија и Србија една од друга. Планираната жичана ограда нема да се гради поради потешкотиите кои што произлегуваат од билатералните односи, туку за привремено ќе извршува задача на одбрана на границата од илегални имигранти. Унгарија ќе и ги отвори своите граници на оние кои сакаат да дојдат по законски патишта.“

Инаку, унгарската влада заради спречување на илегалната имиграција на 17 јуни одлучи на границата со Србија да изгради жичана ограда висока 4 метри и долга 175 километри.


Тагови:

Слични вести