Први реакции од светот на нуклеарниот договор со Иран

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека по преговорите кои што траеја приближно две години САД и нивните сојузници постигнаа голем успех

380527
Први реакции од светот на нуклеарниот договор со Иран

По вестите за постигнатиот договор на нуклеарните преговори меѓу Иран и петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија кои што продолжуваат од ноември 2013 година наваму, почнаа да пристигнуваат и првите реакции.

Ракцијата на Турција беше од видот дека тоа претставува позитивен развој.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи по прашањето беше истакнато следното: „Во овој контекст сметаме дека е од полза да нагласиме дека применувањето на договорот непрекинато со доверба и во целост е од витално значење и од аспект на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека овој договоро ќе придонесе за регионалниот мир и рече дека Турција истиот го дочекува со задоволство.

По вестите за постигнување договор не задоцнија реакциите и од светот.

Американскиот претседател Барак Обама рече дека постигнатиот договор ги пресекува сите патишта по кои што Иран би се стекнал со нуклеарно оружје.

Обама воедно истакна дека по преговорите кои што траеја приближно две години САД и нивните сојузници постигнаа голем успех.

Реакцијата на Израел пак на овој развој беше негативна.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху договорот го окарактеризира како историска грешка.

Нетанјаху на одржаната прес конференција во Ерусалим рече: „На деталите во врска со овој договор ќе се осврнам подоцна, меѓутоа најпрвин би сакал да го кажам следното: Кога ќе посакате да постигнете соодветен договор по секоја секоја, ова би бил и резултатот.“

Заедно со постигнатиот договор Иран ќе оди на ограничување во својата нуклеарна програма, а за возврат на тоа ќе бидат постепено укинати санкциите кои што се спроведуваат од страна на Западните земји врз Техеран.


Тагови:

Слични вести