Постигнат договор за иранската нуклеарна програма

Ирански дипломат изјави дека земјите од групата П5+1 и Иран постигнаа договор за нуклеарната програма на Техеран

345112
Постигнат договор за иранската нуклеарна програма

Нуклеарните преговори меѓу Иран и земјите од групата П5+1 (петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН САД, Русија, Англија, Франција, Кина + Германија) кои што продолжуваат од ноември 2013 година, на крај завршија со постигнување договор.

Изјавата пристигна од еден ирански дипломат.

Исто така и според објавеното соопштение од извори на ЕУ денеска во Виена за последен пат ќе се состанат министрите на Иран и на земјите од групата П5+1.

По оваа последна средба се очекува да биде објавено заедничко соопштение.

Заедно со договорот Иран ќе оди на ограничување во својата нуклеарна програма, а за возврат на тоа ќе бидат постепено укинати санкциите кои што се спроведуваат од страна на Западните земји врз Техеран.


Тагови:

Слични вести