Јеменските владини сили го зазедоа аеродромот во Аден

Операцијата за враќање на аеродромот била реализирана во рамките на соработката со коалициските сили предводени од Саудиска Арабија

345259
Јеменските владини сили го зазедоа аеродромот во Аден

Силите лојални на јеменскиот претседател Мансур Хади поддржани и од коалициските сили предводени од Саудиска Арабија повторно го зазедоа стратешкиот аеродром во градот Аден од рацете на Шиитите Хуси.

Хуси силите се приклештени во еден мал дел на крајбрежјето на Аден.

Јеменската влада во прогонство соопшти дека операцијата била реализирана во рамките на соработката со коалициските сили предводени од Саудиска Арабија.

Како што беше истакнато градот Аден во наредните денови ќе биде целосно исчистен од Шиитските сили.

Во меѓувреме конвој со помош составен од 40 ТИР камиони по неколкудневно чекање на контролните точки пристигна во градот Аден.

Воздушните напади на коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија во главниот град Сана пак продолжија во текот на целиот ден.


Тагови:

Слични вести