По силните реакции Тајланд фрли чекор назад

Тајландските власти начинот на однесување на Кина кон 109-те вратени Турци Ујгури го окарактеризираа за погрешен

345051
По силните реакции Тајланд фрли чекор назад

По силните реакции со кои што се соочи на меѓународен план поради предавањето на 109 Турци Ујгури на Кина, Тајланд фрли чекор назад.

Тајландските власти начинот на однесување на Кина кон вратените Ујгури го окарактеризираа за погрешен.

Портпаролот на тајландската влада истакна дека во неговата земја се наоѓаат уште некаде околу 60 мина Турци Ујгури и дека овие лица по идентификацијата и испитувањето за тероризам би можеле да заминат за Кина или за Турција.

Турците Ујгури пак кои пред неколку дена и беа предадени на Кина беа однесени во центарот на Ујгурската автономна област Синкјанг, инаку позната како Источен Туркестан.

На Турците Ујгури при враќање во Кина им беа навлечени вреќи на главите, а на нозете им беа поставени синџири.

Властите во Пекинг по интензивните меѓународни реакции преминаа во одбрана при што тврдеа дека 13 од 109-те вратени Турци Ујгури се наоѓале на списокот на лица осомничени за тероризам.

Меѓутоа според бранителите за човекови права Турците Ујгури бегаат од Кина поради систематскиот притисок и дискриминацијата на кои се подложени во оваа земја.

Од друга страна протести поради начинот на однесување на Кина кон Турците Ујгури беа одржани и во САД и Канада.

На протестите во Вашингтон и Торонто исто така беше осудено и предавањето на Турците Ујгури на Кина од страна на Тајланд.


Тагови:

Слични вести