Оштетени ѕидините на историското кале во Алепо

Во близина на историското кале во градот Алепо беше кренато во воздух еден тунел при што беа оштетени и ѕидините на калето

379638
Оштетени ѕидините на историското кале во Алепо

Во војната во Сирија погодени и ѕидините на историското кале во градот Алепо.

Во близина на историското кале беше кренато во воздух еден тунел при што беа оштетени и ѕидините.

Тунелот бил ископан од страна на сириските опозиционери.

Откако силите лојални на Асад кои ја држат контролата со калето на Алепо го пронашле тунелот дошло до експлозија во која бил срушен дел од двa метри од ѕидините.

Сириски опозиционери истакнаа дека тунелот бил кренат во воздух од страна на силите на Асад и притоа биле оштетени и ѕидините.

Силите лојални на Асад пак ги демантираа овие изјави на опозиционерите.

Сириската опозиција во изминатите недели започна нов напад против силите на Асад во градот Алепо.


Тагови:

Слични вести