Ирак цел на крвави напади и за време на Рамазан

Во извршените самоубиствени бомбашки напади во главниот град Багдад загина најмалку 21 лице, а повеќе од 60 лица се повредени

379388
Ирак цел на крвави напади и за време на Рамазан

Ирак станува сцена на крвави напади и за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Во извршените самоубиствени бомбашки напади во главниот град Багдад загина најмалку 21 лице.

Цел на самоубиствените напади беа две одделни области во Багдад каде што претежно живеат Шиити.

Во нападите реализирани со возила натоварени со експлозив се истакнува дека освен најмалку 21 загинато лице има и повеќе од 60 повредени лица.

Ирак води борба против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) така да во безбедносните пропусти до кои доаѓа повремено што како последно беа оние во главниот град Багдад често доаѓа и до напади во кои животот го губат голем број лица.


Тагови:

Слични вести