Експлозија во близината на италијанскиот конзулат во Каиро

Одговорноста за нападот сеуште не ја презеде никој

378945
Експлозија во близината на италијанскиот конзулат во Каиро

Во Италијанскиот културен центар во близината на италијанскиот конзулат во Каиро се случи силна експлозија.

Во нападот со камион натоварен со експлозив, според првите претпоставки загина 1, а 7 лица беа повредени.

Под влијанието на силната експлозија, освен културниот центар и зградата на конзулатот, беа оштетени и околните згради.

По нападот во кој вработените се спасија без повреди, зградата на Конзулатот беше затворена за услуги.

Одговорноста за нападот сеуште не ја презеде никој.

Исто така не е точно утврдено дали цел на нападот беше зградата на конзулатот на Италија во Каиро или пак некое возило кое поминуваше низ патот.


Тагови:

Слични вести