Започната операција за заземање на Палмира од ДЕАШ

Во градот Хомс и западниот дел на античкиот град Палмира се водат жестоки судири помеѓу силите на сирискиот режим и терористичката организација ДЕАШ.

378275
Започната операција за заземање на Палмира од ДЕАШ

Сириската армија започна операција за заземање на античкиот град Палмира кој се наоѓа во рацете на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

Во градот Хомс и западниот дел на античкиот град Палмира се водат жестоки судири помеѓу силите на режимот и терористичката организација ДЕАШ.

Сириската армија се доближи на 7 километри од Палмира, додека воени авиони на режимот ги бомбардираат местата под контрола на терористичката организација во околината на античкиот град.

Во судирите загинаа 10 војници на режимот, а беа уништени и 3 тенка.

Терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) античкиот град Палмира каде што се наоѓаат две илјади годишни римски дела го зазеде во мај.

Организацијата како последно ги објави снимките со убивање на 25 сириски војници во античкиот театар.


Тагови:

Слични вести