ОН длабоко загрижени од враќањето на Турците Ујгури во Кина

ОН изразија длабока загриженост од испраќањето на Турците Ујгури во Кина од страна на тајландската влада

378482
ОН длабоко загрижени од враќањето на Турците Ујгури во Кина

ОН истакнаа дека чувствуваат голема загриженост од испраќањето на 109 Турци Ујгури од кои 20 жени во Кина од страна на Тајланд каде што беа притворени.

Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права Руберт Колвил рече дека Тајланд од 350 Турци Ујгури кои ги држеше во притвор од март минатата година им издаде дозвола за излез од земјата само на 172-јца.

Велејќи дека претходно Турција изјави оти е подготвена да ги прифати 350-те Ујгури кои беа во притвор во Тајланд, Колвил истакна дека тајландската влада и покрај тоа овие лица ги врати во Кина.

Колвил укажа на тоа дека Турците Ујгури кои беа депортирани и вратени во Кина би можеле да се соочат со лош и нечовечен третман во оваа земја поради што ја повика тајландската влада да бидат заштитени 60-те Ујгури кои се уште се наоѓаат во притвор и да не врши нови депортирања.

Руберт Колвил ги повика и кинеските власти да ги почитуваат човековите права на вратените Турци Ујгури.


Тагови:

Слични вести