Сирискиот режим продолжува со масакрот на цивили

Во последните извршени напади во градот Алепо загинаа 19 лица, а 20 лица се повредени

339456
Сирискиот режим продолжува со масакрот на цивили

Во извршените напади со барел бомби во градот Алепо 19 лица го загубија животот меѓу кои има и деца, а 20 лица се повредени.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Англија соопшти дека реализираниот напад во областа Керм Бејк бил извршен непосредно пред ифтар.

Во нападот загинале 15 лица од кои 4 биле деца. Пристигнуваат вести дека имало затрупани лица и под урнатините.

Во областа Мидан во Алепо пак која се наоѓа под контрола на режимот опозиционерите извршија ракетен напад во кој загинаа 4 лица.

Од мај 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија досега животот го загубија повеќе од 220 илјади лица.


Тагови:

Слични вести