Самит на БРИКС и Шангајската организација за соработка

Во Уфа, главниот град на Република Башкортостан во составот на Руската Федерација се одржува самит на земјите членки на групата БРИКС и земјите членки на Шангајската организација за соработка

338183
Самит на БРИКС и Шангајската организација за соработка

Продолжува самитот на земјите од групата БРИКС и Шангајската организација за соработка.

На самитот што се одржува во Уфа, главниот град на Република Башкортостан во составот на Руската Федерација учествуваат земјите членки на групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република) и земјите членки на Шангајската организација за соработка.

Во рамките на самитот се реализираат и билатерални и мултилатерални средби.

Рускиот претседател Владимир Путин исто така остварува интензивни средби.

На самитот чиј привремен претседавач и домаќин е Русија земјите членки одлучија да се формира заеднички резервен фонд на БРИКС чиј вкупен капитал ќе изнесува 100 милијарди долари.

Овој резервен фонд во случај на недостаток од готовина во земјите членки ќе се употреби за воспоставување на финансиската стабилност.

На тој начин се има за цел да се стави крај на влијанието на Меѓународниот монетарен фонд во земјите членки на БРИКС и Шангајската организација за соработка.

За заедничкиот фонд Кина ќе обезбеди 41 милијарда долари, Бразил, Индија и Русија по 18 милијарди долари, а Јужноафриканската Република 5 милијарди долари.


Тагови:

Слични вести