Познатиот американски актер Том Селек обвинет за крадење вода
Областа во која се наоѓа ранчот на Селек со години се бори против сушата
338813
Селек се обвинува за крадење вода на ранчот во провинцијата Калифорнија, која беше погодена од суша.
Поради крадење вода, против Том Селек и неговата сопруга беше поднесен обвинителен акт.
На судскиот процес, Селек се обвинува за крадење вода со цистерни од една јавна чешма, со која ги намирувал потребите на ранчот од 60 хектари.
Управата за водостопанство на провинцијата соопшти дека за докажување на кривичното дело на Селек соработувале со еден детектив.
Во областа во Калифорнија во каде што се наоѓа ранчот на Селек со години се бори против сушата.
Жителите на областа, под сила на законот се принудени да штедат вода.