Мерките за штедење во Англија предизвикаа протести на граѓаните

Камерон води политика на намалување на јавните трошоци и буџетскиот дефицит

338273
Мерките за штедење во Англија предизвикаа протести на граѓаните

Граѓаните на Лондон на демонстрациите извикуваа „Не против одбивањата“.

На демонстрациите на плоштадот пред парламентот, демонстрантите реагираа против одбивањата на премиерот Дејвид Камерон.

Граѓаните од различни професии го бранат ставот дека мерките за штедење нема да бидат од корист.

Англичаните изразија респект на изгласаното „Не“ од страна на Грците на референдумот во Грција против политиките за стегање на ременот.

Полицијата презеде силни безбедносни мерки.

На неодамнешните парламентарни избори во мај во Англија победи Конзервативната партија на Камерон која формира самостојна влада.

Премиерот Дејвид Камерон води политика на намалување на јавните трошоци и буџетскиот дефицит.

Политиките на стегање на ременот на Владата на Камерон се засноваат на низа мерки меѓу кои намалување на платите на пензионерите и детскиот додаток.


Тагови:

Слични вести