Започна самитот на земјите од БРИКС

Во рускиот град Уфа започна дводневниот самит на земјите од групата БРИКС

337364
Започна самитот на земјите од БРИКС

Во рускиот град Уфа започна самитот на земјите од групата БРИКС на ниво на премиери и шефови на држави, каде што членуваат земјите на глобалната економија во подем.

На самитот што ќе трае 2 дена (денеска и утре) учествуваат претседателите на Бразил, Русија, Индија, Народна Република Кина и Јужноафриканската Република.

На дневен ред на самитот се наоѓа прашањето за ставање во примена на Новата банка за развој за која се планира да биде формирана наспроти банкарскиот систем на Западните земји.

Договорот за формирање на банката беше потпишан на самитот на БРИКС што се одржа минатата година во бразилскиот град Форталеза.

Освен тоа на дневен ред на петте земји членки на групата БРИКС се наоѓа и прашањето за формирање на независна Агенција за кредитен рејтинг.

Инаку, Русија ја покани Грција која води борба против економската криза во која западна, да се приклучи кон Новата банка за развој на групата БРИКС за која се планира да биде формирана.


Тагови:

Слични вести