Убиени 83 милитанти на ДЕАШ

Во судирите во градот Анбар во Ирак и во воздушните напади на коалиционите сили врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија беа убиени 83-јца милитанти

337322
Убиени 83 милитанти на ДЕАШ

Продолжуваат насилството и борбата против терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Ирак и Сирија.

Во судирите во градот Анбар во Ирак и во воздушните напади на меѓународните коалициони сили предводени од САД врз цели на терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ) во Сирија беа убиени 83-јца милитанти.

Воени авиони на меѓународната коалиција реализираа воздушни напади врз цели на ДЕАШ во ирачките градови Рамади, Тикрит и Дијала.

Во бомбардирањата во 100 одделни места загина 61 милитант на ДЕАШ, а десетици беа повредени.

Во започнатата операција врз позициите на ДЕАШ во Анбар пак беа убиени 22-јца милитанти.

Во меѓувреме хеликоптер во сопственост на режимот во Сирија ги бомбардираше со барел бомби населените места во областа Маади во Алепо, под контрола на опозицијата.

Во извршениот напад за време на ифтар загинаа 8 лица, 7 лица беа повредени, а повеќе од 10 лица останаа затрупани под урнатините.


Тагови:

Слични вести