Продолжуваат преговорите за иранското нуклеарно прашање во Виена

На тешките преговори кои траеја 11 дена страните се обидуваат да постигнат договор со кој ќе се спречи Иран да произведе нуклеарно оружје и ќе бидат укинати санкциите против оваа земја

337744
Продолжуваат преговорите за иранското нуклеарно прашање во Виена

Во Австрија продолжуваат да се водат тешки преговори за иранската нуклеарна програма помеѓу Техеран и 5-те земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, познати како П5+1.

Додека ирански извори соопштуваат дека конечниот текст бил подготвен, од Вашингтонската управа пристигнува следната изјава: „Постигнавме значаен напредок во секоја сфера, меѓутоа проблемите кои што останаа на маса се мошне технички прашања на високо ниво.“

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст рече: „Поблиску сме до договор од било кога досега, но се уште постојат мошне сериозни разлики во ставовите меѓу страните.“

Иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Иракчи рече дека споровите се сведени до две или три точки, по што велејќи „Подготвени сме да останеме во Виена онолку колку што ќе затреба“ ја даде пораката дека се на страната на изнаоѓање решение за нуклеарното прашање.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус пак главните точки на недоразбирање во преговорите ги образложи со зборовите тоа се „ограничувањето на унапредувањето на нуклеарно истражување, санкциите и контролата.“

Делегациите на САД и Иран останаа во Виена, додека на Русија, Кина, Франција и Германија заминаа, но повторно ќе се вратат во среда.

Страните последниот ден од нуклеарните преговори од 7 јули го поместија на 10 јули.

На тешките преговори кои траеја 11 дена страните се обидуваат да постигнат договор со кој ќе се спречи Иран да произведе нуклеарно оружје и ќе бидат укинати санкциите против оваа земја.


Тагови:

Слични вести