Почина Сакари Момои, најстариот маж на светот

Момои беше роден во 1903 година во Фукушима и имаше 5 деца

336584
Почина Сакари Момои, најстариот маж на светот

Најстариот маж на светот Сакари Момои почина на 112 годишна возраст.

Јапонецот Сакаи Момои животот го загуби во старечки дом поради бубрежна инсуфициенција.

Момои беше роден во 1903 година во Фукушима и имаше 5 деца.

Лани, Сакари Момои кој по професија беше учител, од страна наа Гинисовата книга на рекорди беше прогласен за најстар маж на светот.

Во изјавата за печатот по добивањето на потврдата за „најстар маж на светот“, сакари Момои рече дека сакал да живее уште две години.

По смртта на Момои, титулата најстар маж на светот повторно ја доби еден Јапонец. Тоа е 112 годишниот Јасутаро Коиде.


Тагови:

Слични вести