Американската армија се намалува

Во склопот на мерките за штедење бројот на американски војници на активна задача од сегашните 490 илјади за две години ќе се намали на 450 илјади војници

337660
Американската армија се намалува

Американската армија во рок од две години освен со 40 илјади свои војници ќе се збогува и со 17 илјади цивили вработени во војската.

Со одлуката донесена во склопот на мерките за штедење бројот на американски војници на активна задача од сегашните 490 илјади за две години ќе се намали на 450 илјади војници.

Оваа бројка ќе претставува најниска бројка на припадници на американската армија по Втората светска војна.

Армиски функционери утре ќе ги соопштат деталите за тоа на кој начин и во кои единици ќе се оди на намалување на воениот и цивилниот персонал во војската.

Со отпуштањата од армијата се предвидува за 10 години заштеда од 1 трилион американски долари.


Тагови:

Слични вести