Канада се бори против пожарите на западната страна

Високите температури и сувата клима ги поттикнаа и пожарите на источните предели на земјата

335374
Канада се бори против пожарите на западната страна

Околу 13 илјади Канаѓани беа принудени да ги напуштат домовите поради пожарите.

Властите соопштија дека пожарот во провинцијата Саскачеван и натаму продолжува во 112 пункта.

На помош во борбата против пожарот беа повикани и војниците.

Единица од околу илјада војници на армијата на Канада беа испратени на местото на пожарот, а исто така беше истакнато дека уште 400 војници биле спремни.

Високите температури и сувата клима ги поттикнаа и пожарите на источните предели на земјата.

До денес во канадската провинција Саскачеван избувнаа околу 574 пожари, а само лани избувнаа 205 пожари.

Во провинцијата Британска Колумбија продолжуваат 180 пожари од кои 18 поголеми.


Тагови:

Слични вести