Рекордно високи температури во Германија

Поројните дождови во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија нанесоа голема штета на возилата

333988
Рекордно високи температури во Германија

Германската Управа за метеоролошки работи соопшти дека според последниот извештај, од 1881 година наваму кога почна да се мери температурата на воздухот, температурата на воздухот го собори досегашниот рекорд во Германија.

Имено последните мерење покажаа дека температурата на воздухот во провинцијата Баварија достигна 40,3 степени која беше регистрирана како нов рекорд во земјата.

Од друга страна пак, како последица на високите температури, бројот на германските граѓани кои се удавија во реките, а кои сакаа да се освежат се зголеми на 12.

Додека на југот на Германија беше соборен рекордот од аспект на температурата на воздухот, на северната страна на земјата како последица на лошите временски услови во ноќните часови дојде до тешкотии во железничкиот сообраќај.

Поројните дождови во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија нанесоа голема штета на возилата.


Тагови:

Слични вести