Операција на египетската армија во пустината Синај

Во операцијата против терористичката организација Синајска провинција, загинаа 63 милитанти

333999
Операција на египетската армија во пустината Синај

Во операцијата против терористичката организација Синајска провинција која е приврзана за ИСИЛ, загинаа 63 милитанти.

Во операцијата на градовите Шеик Зувејд и Рафа во пустината Синај, беа запленети голем број оружје и муниција на милитантите.

Организацијата Енсару Бејтил Макдус која го промени името во Синајска провинција и прогласи приврзаност кон ИСИЛ, Синајската пустина ја користи како база за остварување на терористичките активности.

Минатата недела организацијата изврши бомбашки атентат врз египетскиот обвинител Хишам Берекат.


Тагови:

Слични вести