Опозицијата зазела значајни стратешки места во Дамаск

Во операцијата на единиците на Корпусот Ер-Рахман во областа Џобар во близина на главниот град Дамаск била преземена контролата на голем број значајни стратешки места

333039
Опозицијата зазела значајни стратешки места во Дамаск

Единиците на Корпусот Ер-Рахман инаку една од опозиционите групи во Сирија зазела некои значајни стратешки места во областа Џобар во источниот дел на земјата.

Како што се истакнува во операцијата на единиците на Корпусот Ер-Рахман во областа Џобар во близина на главниот град Дамаск реализирана под името „Денови на Бедир“ била преземена контролата на голем број значајни стратешки места.

Во објавеното соопштение од корпусот се вели дека во областа продолжуваат да се водат интензивни судири помеѓу опозиционите сили и силите на режимот, по што се додава следното: „Во експлозијата на поставените бомби под фабриката за сапун каде што се стационирани сили на режимот на Асад загинаа десетици војници на режимот и на милициските сили Шабиха. Во Џобар е воспоставена контролата и во голем број згради кои силите на режимот ги користат како свој штаб.“

Во истото соопштение се вели дека единиците на корпусот Ер-Рахман ги одбиле жестоките напади на силите на режимот на областа и се подвлекува следното: „Ќе продолжиме да се бориме до нашата последна капка крв за ослободување на Источна Гута и сите наши територии под опсада.“


Тагови:

Слични вести