Во Месџид-и Акса се собраа приближно 200 илјади Палестинци

Израел преминот на Палестинците во Ерусалим за клањање петочен намаз во џамијата Месџид-и Акса го обуслови со вадење на документ за дозвола, но и тоа не вредеше

331951
Во Месџид-и Акса се собраа приближно 200 илјади Палестинци

И покрај сите попречувања во Месџид-и Акса се собраа приближно 200 илјади Палестинци.

Израел, преминот на Палестинците во Ерусалим за клањање петочен намаз во џамијата Месџид-и Акса го обуслови со вадење на документ за дозвола, но и тоа не вредеше.

Палестинците кои сакаа да преминат во Ерусалим формираа долги редици пред воените контролни точки.

Израелските војници ги затворија патиштата за сообраќај и освен на автобусите не беше дозволен премин на ниту едно возило.

И покрај строгите безбедносни мерки на израелските војници десетици илјади Палестинци успеаја да пристигнат во џамијата Месџид-и Акса.

Палестинците до Месџид-и Акса пристигнаа пешачејќи и ги наполнија дворот на џамијата и околните патишта.

По петочниот намаз голем број Палестинци протестираа по повод годишнината од убиството на палестинското момче Мухаммед Ебу Худајр кое минатата година беше живо запалено во Ерусалим.

Бројната група која носеше слики на Худајр извикуваше слогани против Израел.


Тагови:

Слични вести