Започна операцијата „Алепо" на опозицијата

Смртта на Тарик Бин Тахар Ел Авни Ел Харзи е голем удар врз организацијата ИСИС

329888
Започна операцијата „Алепо" на опозицијата

За целосно преземање на контролата над Алепо од силите на Асад, опозицијата во Сирија ја започна операцијата „Освојувањето на Алепо“.

Опозиционите единици воспоставија контрола над некои воени пунктови на силите на режимот во стратешките подрачја во населбата Џемијет аз-Зехра во Алепо.

Во период кога во регионот се доживуваат жестоки судири, силите на обединетите опозициони групи уништија еден тенк и голем број воени возила на силите на режимот.

Во меѓувреме, американскиот државен секретаријат за одбрана Пентагон соопшти дека во рамките на воздушната операција на 16 јуни на Сирија, бил убиен еден од лидерите на терористичката организација ИСИЛ, Тарик Бин Тахар Ел Авни Ел Харзи.

Смртта на Харзи е голем удар врз организацијата.

Според соопштението објавено од страна на Пентагон, Ел Харзи беше организатор на голем број бомбашки напади во низа земја.

САД за главата на Харзи имаше објавено награда во износ од 3 милиони долари.

Од друга страна пак, американскиот државен секретаријат за одбрана соопшти дека успешно заврши обуката на 500 приврзаници на сунитските заедници во воената база Такаддум, кои беа обучени во рамките на борбата против ИСИС.


Тагови:

Слични вести