Египет потресен со бомбашки напади

Во северниот дел на Синајскиот полуостров беа извршени едновремени напади врз шест одделни воени контролни пункта

329528
Египет потресен со бомбашки напади

Во реализираните бомбашки напади на Синајскиот полуостров во Египет загинаа 70 цивили и војници.

Цел на нападите кои што беа извршени едновремено беа шест одделни воени контролни пункта во северниот дел на Синајскиот полуостров.

Во експлозиите и судирите кои што следеа по нападите загинаа вкупно 70 цивили и војници, од кои 17 египетски војници, а 13 војници беа ранети.

Одговорноста за бомбашките напади ја презеде терористичката организација ДЕАШ (ИДИЛ).

По нападите египетски воени авиони ги гаѓаа позициите на ДЕАШ.

Египетското министерство за одбрана соопшти дека биле убиени повеќе од 100-тина милитанти на ДЕАШ.


Тагови:

Слични вести